Радески дебитираше со гол во победата на Струга ТЛ над Охрид

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Струга Трим Лум триумфираше со 1-2 на пријателскиот натпревар на гостувањето против Охрид на „Билјанини извори“.

Веднаш погодок за стружани уште на дебито во својот нов клуб запиша Марјан Радески, а стрелец на вториот гол за Струга ТЛ беше и Јусуфи.

Стрелец на голот за второлигашот Охрид беше Алтин Лога.

Се вчитува...