Струга ТЛ утре од 17 часот на стадионот на тренинг-центарот на ФФМ во Скопје го продолжува својот европски пат, со дуелот против луксембуршки Есперанж во првиот меч од 3.квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.
Најдобриот поединец на тимот ова лето, репрезентативецот Марјан Радески верува дека неговиот тим може да дојде до плејофот во ова натпреварување иако максимално го почитува утрешниот противник.
„Знаеме дека не очекува тежок меч и покрај тоа што се работи за тим од Луксембург. Имаат сериозен индивидуален квалитет во своите редови. Максимално ги респектираме, но веруваме дека ние имаме поголеми шанси да се пласираме во следното коло. Ако одиграме како што игравме досега во Европа, со силен мотив на ниво на тимот тогаш успехот ќе дојде. Мојата форма е плод и на ангажманот на целиот тим и соиграчите кои ми помогнаа да се вратам во посакуваната форма. Сепак, успесите на Струга ТЛ се тимски плод“ – вели Радески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

