Струга Трим Лум славеше на гостувањето кај Вардар со 0-1 во дерби натпреварот од 12. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Во 10. минута Вардар доби пенал, но по ВАР прегледување тој беше поништен бидејќи Закариќ се наоѓаше во офсајд.
Првата шанса во мечот ја имаа гостите откако во 20. минута Исмајили ја погоди стативата на голот на Талевски. Струга стигна до водство од 0-1 со голот на Марјан Радески во 31. минута. Во вториот дел домаќините пробуваа да израмнат, но Струга успеа да се одбрани за голема победа и нови три бода во битката за титула.
Во вториот меч од програмата од 14 часот Башкими славеше над Арсими со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
