Радески и Пјуник по изведување на пенали останаа без Лига Европа

Македонскиот фудбалски интернационалец, Марјан Радески и неговиот Пјуник не успеаја да се пласираат во групната фаза во второто по ранг европско клупско фудбалско натпреварување Лигата на Европа, откако во трилер натпревар против молдавскиот Шериф загубија по изведување на пенали со 3-2.

Откако и двата натпревари од плеј-офот во Лигата на Европа завршија без голови 0-0, на крајот победникот и пласманот во групната фаза го одлучија пеналите.

Сепак, ерменскиот шампион ќе биде дел од Конференциската лига, што значи дека Македонија ќе има уште еден претставник во Европа.

Нашиот интернационалец беше стартер за својот тим и го одигра целото прво полувреме, по што на паузата беше заменет.

Се вчитува...