ЕКИПА во Гдиња,
Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски
Македонија имаше горчливо деби на Европското првенство за фудбалери до 21 година што се одржува во Полска. Налета на расположената селекција на Шпанија и загуби со 5-0, во меч во кој дефинитивно не беше толку инфериорна во поле, и заслужи да постигне гол според создадените шанси. Го потенцира тоа и Марјан Радески, кој и самиот имаше убави можности за да го совлада шпанскиот голман Кепа. Сепак, на крајот, во историјата ќе остане запишано дека сме загубиле убедливо, со 5-0.
„Честитки за победата на Шпанија. Покажаа дека се врвна класа, иако останува впечатокот дека ова е преубедлив резултат, според прикажаната игра на двете селекции. Можеме да жалиме за нашите шанси, навистина и не се сеќавам на кој меч сме создале толку убави можности пред противничкиот гол, но не успеавме во најважното, да ја затресеме мрежата на Шпанците. Сепак, јасно е дека на крајот, низ историјата, се памети само резултатот, а, за жал, загубивме со убедливи 5-0. Но, тоа нема да не одврати од намерата да одиме на позитивен резултат на следните дуели против Србија и против Португалија“, изјави Марјан Радески по поразот од Шпанија, на стартот од ЕП во Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА