Радески ја откри формулата на Шкендија: Тренерот Османи ни верува, а ние испорачуваме успеси

Шкендија заслужено стигна и до вториот пехар оваа сезона, совладувајќи го Пелистер со 3-0 во финалето на Купот на Македонија што се одигра во Струмица. Комплетната доминација на тетовскиот тим во текот на целата сезона, на крајот донесе и два трофеи.

Репрезентативецот Марјан Радески по триумфот во Купот, ја откри формулата за успех на Шкендија.

„Тренерот Ќатип Османи ни верува, сака да играме слободно и атрактивно, и тоа нам ни одговара. Мислам дека во текот на целата сезона игравме најдобар фудбалер и дојдоа очекуваните резлтати. Ова е сезона за незаборав, а ќе се обидеме да го потврдиме нашиот квалитет и во следните настапи во квалификациите за Лигата на шампионите“, изјави за ЕКИПА, Марјан Радески.

 

Се вчитува...