Радески нападнат по мечот во Тетово, инцидентот нема врска со Шкендија

Поранешниот македонски репрезентативец Марјан Радески беше стрелец за Струга ТЛ на денешниот куп-дуел со Шкендија, а крилниот офанзивец по натпреварот бил нападнат во Тетово.

Информацијата вечерва ја потврдија и од неговиот клуб Струга ТЛ, притоа потенцирајќи дека нападот воопшто не е поврзан со самиот натпревар ниту пак со луѓето од Шкендија.

„Би сакале да ги расчистиме сите дилеми околу инцидентот кога нашиот фудбалер Марјан Радески беше нападнат по мечот со Шкендија. Според она што фудбалерот го објаснил на официјалните лица, она што се случило воопшто не е поврзано со фудбалот, уште помалку со Шкендија или пак со фановите на тетовскиот клуб. Би сакале да се заблагодариме на Шкендија за добрата организација и секогаш добриот однос кон нашиот клуб“, се вели во соопштението на Струга ТЛ.

Се вчитува...