ЕКИПА во Гдиња,
Владимир Булатовиќ, Никола Ѓуровски, Игор Паневски
По сето она прикажано во Полска, Марјан Радески е сигурен дека Македонија има одличен потенцијал преку кој во блиска иднина репрезентативниот фудбал ќе се радува на ново учество на Европско првенство, но во сениорска конкуренција.
„Може да им честитам на овие момци и да кажам дека навистина се феномени… Никој од нас, и во стручниот штаб и меѓу фудбалерите, не сме задоволни од резултатите, но дефинитивно и тоа како од пристапот кон играта, карактерот кој го покажавме и начинот на кој се бранат државните бои на европско ниво. Верувам дека добар дел од нас во иднина ќе сме конкурентни и за сениорската репрезентација… Гледајќи го овој потенцијал и карактер во нас сигурен сум дека Македонија настап на Европско првенство ќе повтори наскоро и во сениорска конкуренција“ – изјави по мечот Радески, кој поради повреда на задната ложа мораше предвреме да го заврши натпреварот уште во првото полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА