Радески: Заслугите за победата над Силекс не се само мои

Струга ТЛ се врати на победите во Првата македонска фудбалска лига, триумфирајќи со 2-0 против Силекс во 10. коло од шампионатот.

Херојот во победата на стружани беше Марјан Радески, кој беше стрелец на двата погодоци за својот тим.

„Одигравме одличен натпревар, иако знаевме дека ќе биде тешко. Нашата посветеност на теренот и борбата кои не красат уште еднаш се потврдија како клучни, па сосема заслужено славевме. Што се однесува за моите голови, нормално е дека сум среќен. Постигнувањето погодоци е работа за нас напаѓачите. Сепак, заслугите не се само мои, бидејќи целиот тим и стручен штаб се заслужни за оваа победа. Сега не очекува малку полабав период во кој ќе одмориме, па потоа со оглед на густиот распоред кој ни следи, очекуваме во полн ритам да ја доиграме полусезоната“ – вели Радески.

Струга ТЛ во моментов е на третата позиција на табелата, со 18 бода, еден помалку од второпласираниот Шкупи, а пет од лидерот Шкендија. Силекс, пак, е на четвртата позиција на табелата со 16 бода.

Се вчитува...