Тимот на ЖРК Вардар отсекогаш поседувал квалитет, но сезонава има и победнички карактер. Тоа најдобро се виде на вечерашниот дуел со Будуќност, на кој „црвено-црните“ одиграа фантастично, враќајќи се од негатива од три гола на петнаесетина минути до крајот, за своја прва победа на гостувањата на жешкиот терен во Подгорица.
„Би им честитала на соиграчите бидејќи на тежок терен освоивме два бода. Незнам кој успеал тука да победи, можеби Ѓер беше последен што триумфираше. Ние веруваме дека можеме да победиме. Драго ми е што и кога Будуќност водеше ние не ја загубивме вербата, туку бевме како едно. Беше тежок натпревар до последен момент. Мислам дека овие две екипи покажаа како се игра квалитетен ракомет“ – изјави Јованка Радичевиќ.
Еден од најзаслужните за победата сигурно беше тренерот Дејвис, кој во моментите кога на тимот не му одеше најдобро внесе сигурност кај своите ракометарки.
„Три недели се подготвуваме за овој меч. Видовте дека се играше „горе- доле” со резултатот. Ние имавме и доста проблеми, но победивме. Игравме со доверба, сакавме да победиме. Знаеме дека тука е тешко. Задоволен сум од играчите како игравме, и им честитам. Среќен сум поради тоа“, изјави Давид Дејвис на прес-конференцијата по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА