Репрезентацијата на Црна Гора е првиот четвртфиналист на Светското првенство во Германија. Во осминафиналето на СП, Црногорките славеа убедлива победа против Србија со 31-29 и обездеија место во завршницата на шампионатот. Ова воедно беше и дуел на неколку ракометарки на Вардар на двете страни во кои Јованка Радичевиќ и Андреа Кликовац во црногорскиот дрес беа поуспешни од Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ на српската страна.
Црна Гора до нокаут фазата на мундијалот стигна како четвртопласирана во Групата Ц во која го фати последниот воза со ремито против Бразил. Србија пак имаше сигурен настап во групната фаза и заврши на првото место во групата Д. Но, Србинките не го задржаа истиот ритам и во осминафиналето и паднаа на првата пречка. Црногорките одиграа извонреден натпревар, ги изфрлија од ритам главните адути на Србија на бековските позиции – Андреа Лекиќ и Сања Дамњановиќ и стигнаа до голем триумф. Со серија од 6-0 и 12 минути без примен гол, репрезентацијата на Црна Гора дојде на +6 во средината на првото полувреме (5-11), а на полувремето заминаа со предност од 14-9.
Србија се обиде да се врати во игра во второто полувреме, намали на 24-27 на десет минути пред крај. Но, Црногорките успаја да ја задржат предноста и контролата на играта, Радичевиќ погоди за 24-29 и стави крја на надежите на противникот.
Јованка Радичевиќ со девет гола беше прв стрелец во победата на Црна Гора. Во репрезентацијата на Србија, Драгана Цвијиќ беше најефикасна со седум гола, а Лекиќ остана без погодок.
Во вториот натпревар од осминафиналето на СП, Амандин Лејно и Александра Лакрабер со репрезентацијата на Франција славеа против Унгарија со 29-26 и обезбедија пласман меѓу осумте најдобри на мундијалот. Амандин Лејно имаше одлична партија на голот на Франција, одбрани три седмерци и имаше значајна улога триумфот што им носи четвртфинале на СП. Лакрабер беше прв стрелец во францускиот состав со пет гола.Франција и Црна Гора ќе играат меѓусебе во четвртфиналето на СП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА