Женскиот тим на Вардар се закити со трофејот во ВРХЛ лигата, совладувајќи го во финалето Будуќност со 27-25. Во еден неизвесен меч, „вардарки“ сепак покажаа победнички карактер. Јованка Радичевиќ смета дека тоа е одлична увертира за Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, што ќе се одржи во Будимпешта на 6/7 мај.
„Ова беше убава увертира за Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во Будимпешта. Имавме одличен ривал во финалето, и драго ми е што успеавме да славиме. Беше неизвесен меч, но во завршницата ние имавме подобра концентрација и успеавме да го добиеме Будуќност. Овие мечеви беа супер-подготовка за тоа што сите не очекува во Будимпешта“, изјави Радичевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА