Радичевиќ: Се боревме до крајот, ама судиите…

Вардарки храбро се бореа, но, сепак загубија по продолженија против домаќинот Ѓер во финалето на Лигата на шампионките. Унгарскиот тим оствари триумф од 31-30, а судиите во последниот напад им оставија да ја имаат топката речиси цела последна минута. Тоа со „жешка глава“, веднаш по натпреварот, го потенцираше и Јованка Радичевиќ.

„Се боревме до крајот, можам да бидам само горда на мојата екипа. Дадовме максимум, игравме продолженија, но во последниот напад судиите му дозволија на Ѓер да ја има топката цела последна минута. Тоа е срамота, јасни се правилата. Губевме, се враќавме, имавме свои шанси, но на крајот сепак загубивме. Одигравме сепак големо финале, и мораме да бидеме горди на тоа“, изјави Јованка Радичевиќ по поразот.

Се вчитува...