Женскиот ракометен првак Вардар в сабота (17.30 часот) ги продолжува настапите во Лигата на шампионите, а прв противник во втората фаза ќе биде францускиот тим Мец.
Десното крило Јованка Радичевиќ истакнува дека „вардарки“ се силнио мотивирани да ја продолжат позитивната серија од првата фаза.
„Најважно е да немаме технички грешки, а клучот секако лежи во добрата одбрана. Верувам дека и голманите Лејно и Суслина ќе бидат на своето ниво и нема да имаме проблеми. Би сакале да имаме иста подрдшка од публиката како и против Турингер, и ветуваме дека нема да разочараме“ – изјави Радичевиќ на денешната прес – конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА