Радичевиќ: Срам ни е по овој пораз…

Во таборот на Вардар владее огромна разочараност откако „црвено-црните“ во својот најслаб меч сезонава беа декласирани од Мец со преубедливи 42-28. По овој неуспех, „вардарки“ паднаа на второто место во групата, по што најверојатно за ривал во четвртфиналето ќе го добијат ЧСМ Букурешт, актуелниот европски првак и тимот кој лани ги елиминираше во полуфиналето од фајналфор турнирот во Будимпешта.

Срам ни е, бидејќи загубивме со толкава разлика. Од почеток до крај неможеш да победиш со толку промашени зицери. Дадовме доста голови, 28, но примивме многу 42, што значи дека одбраната ни беше катастрофа. Мора да се разбудиме, има и вакви денови, но знаеме да играме, тоа го покажавме во претходните мечеви. Ако требаше да се случи, подобро сега да биде и да се разбудиме. Не е важно кој е противникот, туку како ние влегуваме во натпреварот. Најлошо е кога влегуваме со некој страв или несигурност, тогаш се случува нешто спротивно“ – истакна Јованка Радичевиќ.

Тренерот Давид Дејвис немаше објаснување што му се случи на неговиот тим откако по првите десетина минути „вардарки“ имаа предност од 5-8, за на крајот да доживеат катастрофален пораз.

Ова е најлош натпревар досега што сме го одиграле. Минатата недела беше друг проблем со екипата и нивните мисли беа на друга страна. Очигледно дека не можевме добро да се спремиме за 6-0. Кога ќе играме повторно против Мец ќе треба подобро да се спремиме. Имаме уште шанси да бидеме први во групата, но повеќе мораме да се сконцентрираме на следниот меч со Турингер на домашен терен“ – изјави шпанскиот стратег на клупата на „вардарки“.

Се вчитува...