Радивојевиќ: Жалам што не победивме, но шансите за следна фаза не се загубени…

Ракометарите на Е. Пелистер не успеаја во намерата повторно да ја совладаат Фредериција, да врзат две победи во низа во Лигата на Шампионите и да ги зголемат своите шанси за пласман во нокаут фазата.

Битолчани одиграа слабо прво полувреме, во вториот дел се вратија, но падот на концентрацијата и неколкуте грешки во финишот придонесоа мечот на крајот да заврши без победник.

„Oва беше одличен меч, многу борба и добра одбрана. Во вториот дел се вративме во натпреварот по негатива, успеавме и да поведеме. Имавме шанса и да победиме, но и тие ја имаа. Поддршката што ја добивме од трибините беше одлична од трибините и таа нè туркаше низ натпреварот. Сепак, бод е бод, не го загубивме мечот. Штета за загубениот бод, штета е што не победивме, но работиме напорно и одиме понатаму. Шансите за пласман во следната фаза постојат, имаме натпревари дома и на гости и сè е на нас“, изјави Радивојевиќ, кој беше најдобар поединец во таборот на македонскиот првак со седум постигнати погодоци.

Се вчитува...