Романија успеа да извлече реми без голови на арената „Тодор Проески“ во Скопје во шестото коло од квалификациите за мундијалот во Катар 2022 година. Селекторот на Романците Мирел Радои вели дека е задоволен од играта на неговиот тим и освоениот бод.
„Задоволен сум од играта. Имавме две цели на денешниот меч. Едната цел беше победа, а втората цел беше да задржиме 0-0 до 70. минута, а потоа да се обидеме да дојдеме до триумф. Можам да кажам дека добро се одвиваше натпреварот, имаше моменти кога можевме нешто да искористиме, но сега останува на нас да анализираме. Живееме во време во кое мораме да имаме алтернативи. Во овој период се соочуваме со многу проблеми поврзани со короната и со повредите, па затоа секогаш мораме да имаме и алтернативен план кој се користи на два до три дена пред натпреварот. Останува приоритет освојување на второто место. Не успеавме да ја исфрлиме Македонија од трката и до крајот не очекува голема борба за тоа место“, изјави Радои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

