Дејан Радоњиќ е најсериозен кандидат за тренерското место во Будуќност, со што црногорскиот стручњак би се вратил назад во татковината. Стратегот што има неколку титули во АБА-лигата е подготвен за камбек во регионалното натпреварување и веќе имал неколку состаноци со највисокото раководство на Будуќност, при што кај двете страни има сериозна желба за соработка, јавува Радио-телевизија Црна Гора.
Радоњиќ е без ангажман откако доби отказ во Панатинаикос во текот на минатата сезона, по што беше жестоко критикуван од дел од кошаркарите на грчкиот гигант за своите методи на работа.
Тој цели осум години го водеше Будуќност, по заминувањето во 2013 година неколку пати беше поврзуван со камбек на црногорскиот кошаркарски гигант, но тоа никогаш не се реализираше. Тимот од Подгорица во последните месеци отпушти двајца тренери, најпрвин Владимир Јовановиќ, а потоа и Петар Мијовиќ, па останува да се види дали Будуќност ќе постигне целосен договор со Радоњиќ, со што дефинитивно ќе ги потврди и високите амбиции за наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

