Радосна вест за Тотенхем: Хари Кејн со нов договор ќе го продолжи престојот во Лондон

Хари Кејн, офанзивецот на Тотенхем, е пред потпис на нов договор со тимот откако донел одлука да ја продолжи верноста со „петлите“.

Договорот на Кејн со Тотенхем истекува во 2024 година, но 29-годишниот Англичанец донел одлука да го продолжи својот престој во клубот, пренесуваат медиумите од Островот.

Претходно во медиумите се појавија шпекулации дека Кејн на лето може да го напушти Тотенхем и да се пресели во Баерн Минхен, а наводно интерес за Кејн покажува и Челси.

Тотенхем не сака да дозволи најголемата ѕвезда на лето да влезе во последната година од договорот и веќе започнал преговори за продолжување на соработката. Тој има постигнато 254 гола на 395 натпревари за „спарси“.

Се вчитува...