Радост голема – дочекавме светло на крајот на тунелот (Фотогалерија)

Македонија ќе биде дел од „А дивизијата“ во кошарката откако нашите млади асови од селекцијата до 16 години стигнаа до третото место на шампионатот што се одржуваше во Сараево.

Успехот е огромен, мотивацијата уште поголема откако се покажа и докажа дека имаме деца подготвени за големата сцена, со карактер да одиграат најдобро кога тоа е најзначајно.

Дочекавме светло на крајот на тунелот во мак-баскетот, тоа е најважно, а по резултатот во Сараево се поголема е и надежта во сите наредни генерации, да ги следат стапките на овие кадети.

Се вчитува...