Одлично беше расположението на денешниот тренинг на Борусија Дортмунд, откако на остатокот од тимот му се приклучи и Марк Бартра. Само 17 дена по терористичкиот напад на автобусот на Борусија пред дуелот со ЛШ, 16 по операцијата на повредената рака, шпанскиот репрезентативец се појави на денешниот тренинг, дополнително кревајќи ја одличната атмосфера во тимот по победата во Минхен над Баерн во полуфиналето од Купот на Германија.
Како што јавува весникот „Билд“, 26-годишниот дефанзивец влегол со фитнес-тренерот Рајнер Шреј, по што со аплаузи бил поздравен од своите соиграчи.
Повредената рака била заштитена со специјален завој што ќе му овозможи на Бартра непречено да тренира во следниот период, но камбекот на Шпанецот на фудбалските терени ќе може да се очекува дури за десетина дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА