Ракометарите на Радовиш ја забележаа првата победа во плеј-аут фазата во Суперлигата на Македонија откако во 3. коло славеа на домашен терен против Струга со 33-23
Радовишани одлично го започнаа натпреварот правејќи серија од 4-0 која им донесе предноста во останатиот дел од средбата и покрај налетот на стружани кои уште на стартот возвратија со своја серија, но не успеаја да изедначат. На полувремето резултатот гласеше 15-9 по што во вторите 30. минути домаќините имаа контрола на двата дела од теренот дополнувајќи ја предноста за двоцифрена победа.
Со девет постигнати голови прво име кај Радовиш беше Адамовиќ, а него го следеа Стојановски и Чиселинов со по пет. Шест голови за Струга постигна Ристиќ.
За Радовиш ова е првата победа во плеј-аутот со што се изедначи со Струга во учинокот од победа и два порази во битката за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА