Радовиш лесен плен за Еурофарм Работник

Лидерот на табелата Еурофарм Работник забележа лесна и убедлива победа на гостувањето против Радовиш со 25-43, во натпреварот од 12.коло во македонската Супер лига.

Битолчани експресно го решија мечот, поведувајќи уште на стартот со 2-8. Домаќините кои на овој меч настапија само со 13 ракометари, тешко успеваа да се справат со многу посилниот противник и брзо загубија чекор во играта.

На полувремето, Еурофарм Работник веќе имаше десет гола разлика (11-21). Во вториот дел битолчани само рутински ја довршија работата и ја запишаа 11.победа со која се зацврстуваат на лидерската позиција на табелата.

Елмир Граџан постигна девет, Милан Џукиќ запиша седум, а Стефан Талевски додаде шест гола во новиот триумф на Еурофарм Работник. Во составот на Радовиш најефикасен беше Ивица Илиев со седум погодоци.

Се вчитува...