Ракометарите на Радовиш конечно ја почувствуваа победата во рамките од осмото коло на ракометната Супер-лигата, обезбедувајќи гостински триумф над Јуниор од Кисела Вода, 28-31.
Гостите го отворија овој меч, но домаќините брзо се соземаа и фатија ритам. Во првиот дел се играше доста изедначено, гол за гол, а предноста постојано се менуваше. На пауза се замина со реми од 14-14.
Второто полувреме припадна на радовишани, кои успеаја да го скршат отпорот на домаќините, па направија мини серија од три гола која ја сочуваа до крајот на мечот.
Дарио Симоноски со седум погодоци беше најефикасен во таборот на Јуниор, додека кај гостите се истакнаа Александар Долдуров и Здравко Постолов со девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА