Британската тенисерка Ема Радукану изврши операција на двете раце и на скочниот зглоб. Ова го објави самата тенисерка на социјалните мрежи.
Шампионката од УС Опен од 2021 година имала проблеми со коските на двете раце, и поради тоа го пропушти турнирот во Мадрид. Состојбата беше крајно загрижувачка, па Радукану замина на операција и ја очекува повеќемесечна пауза, што значи дека нема да може да настапи на наредните два гранслем турнира, Ролан Гарос и Вимблдон.
„Со сигурност можам да кажам дека последните 10 месеци ми беше многу тешко, затоа што се соочив со иста повреда на коските на двете раце. Дадов се од себе да ја совладам болката и да се излекувам така што драматично го намалив интензитетот на тренинзите, пропуштајќи и тренинзи, како и ги намалив учествата на турнирите минатата година. Но, и тоа не беше доволно. Разочарана сум што ќе бидам надвор од терените следните неколку месеци“, напиша Радукану.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

