Радукиќ го прегази Маџари за МВП на 2. коло

Кошаркарот на Куманово, Александар Радукиќ е најкорисниот кошаркар во 2. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Српскиот интернационалец имаше извонреден натпревар против Маџари постигнувајќи дабл-дабл учинок од 26 поени и 12 скокови проследен со шест асистенции за индекс на корисност од 36.

Одличен натпревар во 2. коло имаа и Никола Малешевиќ од Пелистер кој „собра“ 35 индексни поени, Џејлен Билингсли од Чаир 2030 кој натпреварот против битолчани го заврши со индекс на корисност од 31, како и Урош Луковиќ (30 ип) и Глен Абрам (28 ип).

Се вчитува...