МЗТ Скопје по 14. пат ќе игра за трофеј во Купот на Македонија откако во полуфиналето избраниците на Радуловиќ лесно се справија со Академија ФМП и славеа со 92-72. Аеродромци денеска целосно ја искористија ротацијата, во поголемиот дел од средбата играа агресивна одбрана на бековска линија и сосема заслужено стигнаа до победа.
По натпреварот тренерот на „сино-белите“ не го криеше задоволството од прикажаното на паркетот и најави интересно финале без разлика на противникот.
„Да им честитам на ФМП за нивниот историски успех, покажаа дека имаат квалитет. Добро започнаа, но ние успеавме да ја смениме насоката во која нас ни одговара. Поправивме некои сегменти каде што грешевме вчера. Две исклучително искусни екипи и која и да победи утре ќе гледаме квалитетно финале. Јавноста секогаш сака дерби, наше, а и спортски е да се подготвиме најдобро што можеме и да бидеме подобри и од денес. Имаме долга клупа и квалитет, ако сите си ја работат улогата може да бидеме закана за сите“, изјави Радуловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА