Радуловиќ: Моравме порано да го решиме победникот

Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер стигна до голем триумф во АБА 2 лигата откако во првиот натпревар од денешната програма во „балонот“ кој се игра во Нови Сад славеа со директниот ривал за плеј-оф Хелиос Домжале со 83-81.

Тренерот на битолчани Дарко Радуловиќ по мечот изјави дека неговиот тим морал многу порано да го реши победникот.

„Сметам дека одигравме поквалитетно од противникот икако имавме мали проблеми во одредени моменти во текот на овој натпревар. Искрено жалам што порано не го решивме прашањето околу победникот. Сепак јас сум задоволен од тоа што беше прикажано. Тимот е во солидна форма и се надевам на уште повеќе успеси во иднина“, изјави Радуловиќ. 

Се вчитува...