Радуловиќ: Не натскокаа, но не се предаваме

Сонот на МЗТ Скопје за враќање во првата АБА лига се претвори во кошмар откако во првиот четвртфинален дуел против составот на Младост од Земун, македонскиот претставник забележа пораз од 20 поени (95-75).

Избраниците на Радуловиќ не беа на врвот на својата задача на овој натпревар, српскиот претставник умешно ги користеше пропустите на аеродромци во одбраната, ја искористи предноста во висина во битката под обрачот каде имаше дури 25 (47-22) скока повеќе па сосема заслужено стигна до голема предност пред ревашачкиот, втор меч.

По натпреварот тренерот на МЗТ Скопје не го криеше незадоволството од прикажаното на својот тим, но напомена дека аеродромци не се предаваат.

„Нема што да се коментира многу, кога ќе ве натскокаат за 25 скока повеќе тешко е. Младост беше поагресивен, поборбен од нас. Имаме два дена да се вратиме по оваа голема негатива, не смееме да се предаваме“, изјави тренерот на „штрковите“.

 

Се вчитува...