МЗТ Скопје се пласираше во полуфиналето од Купот на Македонија откако во четвртфиналето со совлада Куманово со 100-84. Аеродромци одиграа одличен натпревар во кој целосно ја контролираа играта, но прераното опуштање и штедењето на силите за она што следи умешно го искористи Куманово кој успеа да стигна до негатива од само еден посед во последната четвртина.
Избраниците на Радуловиќ ги консолидираа своите редови, заиграа на посакуваното ниво и осигураа мирен крај на средбата. По натпреварот тренерот на „сино-белите“ не го криеше задоволството од прикажаното на паркетот, но напомена дека не смее да има повторно пад во играта.
„Куманово ни направи проблеми, тоа и го очекувавме. Секогаш играме тешко против нив. На крај го искористивме искуството. Погодивме неколку тешки шутеви. Му честитам на противникот, младите момци покажаа дека се зрели, особено во вториот дел. Треба да бидеме фокусирани на дуелот во полуфиналето, не смееме да си го дозволиме падот од овој натпревар. Долгата клупа е наша предност и тоа мора максимално да ги искористиме“, изјави тренерот на МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА