Пелистер претрпе нов пораз во АБА2 лигата откако битолчани синоќа загубија од Цедевита Јуниор, останувајќи на само две победи по првите седум натпревари во регионалното натпреварување.
Тренерот Дарко Радуловиќ никако не може да биде задоволен од изданието на својот тим, ако се знае дека „пелистерци“ цел натпревар бркаа резултатска негатива, во финишот се приближија на „минус четири“, но не успеаја да направат целосен пресврт.
„Честитки на победата на противникот, кој влезе енергетски на повисоко ниво од нас во овој натпревар. Ние постојано го баравме нашиот ритам, се обидувавме со шутеви од далечина, но немавме добар шутерски ден. Со зоната што ја играа во одбрана успеаја да не исфрлат од посакуваниот ритам и тогаш кога успевавме да искреираме не погодувавме отворени шутеви. Болка за нас беше нивната игра во транзиција, на која ставивме акцент, но не успеавме да ја запреме во целост. Во последниот период успеавме да се вратиме, но тие беа мирни кога беше најважно, погодија некои шутеви и стигнаа до победата“, изјави Радуловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА