Дарко Радуловиќ имаше причина за задоволство откако Пелистер по голема борба успеа да слави над Шибенка , по продолжение од пет минути и да стигне до својата трета победа во АБА2 лигата оваа сезона.
Битолчани ја надминаа кризата во играта што ја имаа во голем дел од првото полувреме, па по огромна битка на крајот стигнаа до посакуваниот триумф.
„Честитки до моите играчи за борбеноста и за покажаниот карактер. Честитки и за противникот, кој допатува вчера , но кошаркарите на Шибенка излегоа на терен и покажаа неверојатна енергија. Во првото полувреме игравме во грч, не погодивме отворени шутеви и немавме решение за нивната зона, што придонесе противникот да има убедливо водство. Во вториот дел излеговме со поинаква енергија, но не можевме да го добиеме мечот во регуларниот дел. Во продолжението бевме посмирени, во нападот донесовме некои добри одлуки, се истепавме во одбрана и тоа донесе резултат. Ова беше многу важен натпревар за нас, но успеавме да одговориме на предизикот и да стигнеме до победата“, изјави тренерот Дарко Радуловиќ.
Следен предизвик за Пелистер ќе биде петочниот дуел со Хелиос Домжале од Словенија, тим што исто како и битолчани има скор 3-5 по првите осум рунди од регионалното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА