Радуловиќ: Скокот повторно ни беше најслаба карика

Дарко Радуловиќ и Пелистер не успеаја да го изненадат фаворитот Златибор во денешниот последен меч од вториот турнир од АБА2 лигата. Битолчани прикажаа добра игра во голем дел од мечот, но се беше попусто кога во завршницата домаќините направија пресврт и стигнаа до победата.

Пелистер има две победи и три порази по првите пет рунди, скор што битолчани сигурно ќе сакаат да го поправат во наредните натпревари од АБА2.

„Честитки за тимот на Златибор за победата, мислам дека немаше да биде незаслужено ако и ние славевме денеска. Игравме со една голема желба, со една одлична енергија и во нападот и во одбраната. Имавме доста промашени зицери, загубени топки кои веќе ги имавме освоено… скокот повторно ни беше најслаба карика на која ќе мораме да поработиме, но немам за што да им замерам на моите избраници. Златибор погоди некои тешки шутеви во завршницата, додека ние 39 минути бевме во мечот иако немавме добар шутерски ден“, изјави Радуловиќ по натпреварот.

Се вчитува...