Радуловиќ: Требаше и порано да го решиме мечот, но вака е уште послатко

Дарко Радуловиќ имаше причина за задоволство откако денеска стигна до првата победа како тренер на Пелистер, на отворањето на новата сезона во АБА2 против екипата на Шенчур.

Битолчани имаа контрола над резултатот во текот на целиот меч, противникот во самиот финиш се избори за продолженија, но Пелистер во своите редови ги имаше расположените Костоски и Бернард, кои донесоа прва радост на „пелистерци“ во регионалното натпреварување.

„Во принцип ние водевме од првата до последната минута и заслужено го добивме овој натпревар. Не знаевме да ја добиеме во регуларниот дел, малку потфрливме во скок-играта, противничките високи играчи ни создадоа проблеми… се друго беше супер, постигнавме 21 поен од контранапади, што треба да биде наша препознатлива страна сезонава, завршивме добра работа во останатите аспекти од овој натпревар. Шенчур е тим што не се предава, ние се уште сме нова екипа што се воигрува, можеби требаше и порано да го решиме прашањето на победникот, но ваквиот триумф е посладок“, изјави Радуловиќ.

Се вчитува...