Дарко Радуловиќ имаше причина за задоволство по одличниот настап на Пелистер и заслужената победа над шампионот МЗТ Скопје, прв прволигашки триумф за битолчани по двата пораза на стартот од сезоната.
Битолчани минатата седмица загубија од истиот ривал во АБА2-лигата, но синоќа одиграа на далеку подобро ниво, доминираа од почеток до крај и заслужено стигнаа до победата. Очигледно беше и позитивното влијание врз тимот што го имаа двете нови засилувања на „пелистерци“, Магдевски и Мијовиќ.
„Морам да бидам задоволен, од самиот почеток се виде дека имавме поинаква енергија од оној меч во Суботица, повеќе ја посакувавме победата и заслужено победивме. Магдевски и Мијовиќ дефинитивно се квалитетни засилувања, но како клучна морам да ја истакнам нашата одбрана, извонредно ги запревме во ситуациите „еден на еден“ и го затворивме рекетот. Победникот го решивме уште во првото полувреме, потоа дозволивме да дојде до пад во играта, што мислам дека се должеше на преголемата желба на моите кошаркари. Се консолидиравме и се вративме до двоцифрена победа, со што дефинитивно покажавме дека сме крајно сериозни во своите амбиции. Убеден сум дека како што ќе минува времето така и формата на екипата ќе се движи во нагорна линија и дека ќе играме уште подобро“, изјави Радуловиќ за ЕКИПА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА