Агњешка Радванска сериозно размислува да му каже збогум на теренот откако веќе подолг период се мачи со незгодна повреда на стопалото. Полската тенисерка, која во март наполни 29 години, се обиде со најразлични третмани, но ниту еден не вроди со плод.
„Тоа е проблем што не може да биде решен хируршки, така што реално не постои решение за него. Без разлика дали носам штикли или патики, болката на стапалото е идентична. Кратко и јасно – стапалото од левата нога ми толку уништено од трчање низ годините што не може долго да издржи напор. Болката е голема, имам и грчеви среде ноќ, тогаш не ми помагаат ниту инјекции. Се уште се немам пријавено на ниту еден турнир во 2019 бидејќи не знам што ќе се случува. Чекам некои нови лекарски испитувања, следната седмица би требало да се знае кога ќе се вратам на теренот. И дали воопшто ќе се вратам или ќе морам да му кажам збогум на тенисот“ – изјави Радванска.
Полската тенисерка моментно се наоѓа на 75. место на ВТА-листата, очекуван пад со оглед на бројните турнири на кои не можеше да настапи поради повредата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА