Рафа Бенитез доби отказ

Раководството на Селта го загуби трпението со Рафа Бенитез, па поранешниот стратег на Ливерпул, Челси и Реал Мадрид денеска и официјално доби отказ од прволигашот од Виго.

„Сино-белите“ имаа проблеми од стартот на сезоната, Бенитез се обидуваше да најде излез од кризата, но тимот играше се послабо во последниот период. На последниот дуел со Реал во Мадрид беше претрпен пораз од 4-0, меч во кој Селта не создаде ниту една посериозна шанса во противничкиот шеснаесетник, за денеска и официјално да биде донесена одлуката за тренерска смена.

„Рафа Бенитез и неговиот стручен штаб ја напуштаат Селта по осум месеци апсолутна посветеност и ангажираност. За жал, во овој период тимот не ги оствари резултатите што се очекуваа. Јавно му се заблагодаруваме на Рафа Бенитез за трудот, чесноста и професионализмот и за напорната работа што ја вршеше во нашиот клуб“, се вели во соопштението на Селта.

Овој тим моментно се наоѓа на 17. место на табелата, а Селта во следното коло ја очекува незгодно гостување против Севилја.

Се вчитува...