Рафа Бенитез доби отказ од Евертон

Шпанскиот стратег Рафа Бенитез доби отказ од клупата на Евертон, само после шест месеци на функцијата поради слабите резултати.  Оваа одлука предмалку ја соопшти клубот.

„Евертон потврдува разделбата со менаџерот Рафаел Бенитез. Наскоро ќе биде објавена неговата замена“, се вели во соопштението од Евертон.

Уште откако пристигна на „Гудисон“, Бенитез не ја доби поддршката од навивачите поради тоа што во минатото работеше во ривалот Ливерпул, со кого ја освои Лигата на шампионите во 2005 година.

Евертон беше без триумф од крајот на сепмтеври до крајот на декември. Тимот положи со слави резултати, а се чини дека чашата се прели по поразот од Норич пред неколку дена.

Се вчитува...