Рафа Бенитез е најновото тренерско име што се поврзува со преземање на тимот на Евертон, откако Карло Анчелоти си замина од „Гудисон Парк“ за да седне на клупата на Реал Мадрид. Евертон се уште е во потрага по тренер кој ќе го продолжи планот за излез на „карамелите“ во Европа.
Тој во минатото меѓу останатите клубови ги предводеше и Реал Мадрид, Ливерпул, Интер и Наполи последните две години ги помина во кинеската лига каде беше на чело на Далиан, но ја напушти Кина поради пандемијата на коронавирус.
Предизвикот за борба за место во европските купови го примамува 61-годишникот, но каква ќе биде реакцијата на навивачите на Ливерпул каде помина шест сезони во периодот помеѓу 2004 и 2010 година останува да видиме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА