Рафа Маркез му кажа збогум на фудбалот

Рафаел Маркез на 39-годишна возраст настапи на својот петти мундијал во кариерата, по што мексиканскиот ас обелодени дека дефинитивно ја завршува својата кариера.

„На терените минав 22 години во кои многу се жртвував, правев и грешки и жалам поради тоа, но најмногу од се чувствувам гордост на сето она што го постигнав“ – истакна ветеранот, кој во иднина ќе раководи со мексиканскиот прволигаш Атлас.

Рафа Маркез во кариерата освои вкупно 20 трофеи, 12 од нив во дресот на Барселона, меѓу нив и две круни во Лигата на шампионите.

Се вчитува...