Шпанскиот тенисер Рафаел Надал добива голема чест откако, неговиот роден град Манакор одлучи наскоро да постави статуа од еден од најголемите шпански спортисти на сите времиња.
Градската власт донесе одлука статуата да се постави на плоштадот до кралската палата. Ќе изгледа како Рафа да седи и да гледа пред него, додека до него стои момче, Рафа кога бил мал.
Градоначалникот Микел Оливер ќе разговара за дизајнот со Надал и со негово одобрение ќе почне да се прави бронзената статуа. Да потсетиме, идејата дојде по освојувањето на Ролан Гарос минатата сезона, кој беше вкупно 14. трофеј во Париз во кариерата на Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

