Рафа Надал лесно преку првото коло на Ролан Гарос

Рафаел Надал со победа во три сета го отвори настапот на Ролан Гарос. Рекордерот по триумфи на земјениот грен-слем почна со победа од 6-4,6-4,6-2 во пресметката од првото коло со Белорусинот Егор Герасимов. Шпанецот е во обид да ја освои 13-та титула на францускиот грен-слем. Тој оваа година не учествуваше на УС Опен и Ролан Гарос кој е во променет термин поради коронавирусот му е шанса да трофеј од најголемите турнири оваа година.

На женскиот дел од турнирот прогрес во вторто коло направија Гарбине Мугуруза со победата од 2-1 во сетови над Тамара Зидансек и Елина Свитолина која во два сета беше подобра од Варвара Грачева. Турнирот заврши за Медисон Кис по поразот од 2-0 во сетови од кинеската тенисерка Шуаи Жанг.

Претходно првото коло го минаа и Серена Вилијам и Доминик Тим. 

 

 

Се вчитува...