Сега веќе поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал наскоро би можел да стане тренер.
Рафаел Надал ја заврши кариерата оваа година и моментално ги минува првите недели како пензионер. Во јануари годинава беше назначен за амбасадор на тениската федерација на Саудиска Арабија, а многумина го критикуваа поради тоа.
На прашањето дали наскоро би можел да стане тренер и да го сподели своето знаење со помладите генерации, тој рече:
„Никогаш не кажувај никогаш. Денеска е рано за таа приказна, бидејќи се уште се обидувам да си го организирам животот. Во моментов не се гледам себеси во слични проекти, но не знам каков ќе биде мојот живот за две-три години“, рече Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА