Рафа Надал се надева на медал на ЛОИ во Париз

Додека Ролан Гарос влегува во финалето, малку заборавениот Рафаел Надал повторно напорно тренира. Рекордерот по број на париски титули имаше тешка ждрепка и  беше елиминиран во првото коло од Александар Зверев.

Додека Германецот е во полуфиналето, Шпанецот сонува да се врати на омилениот стадион во втората половина на јули и да се бори за нов успех.

„Рафа тренира во неговата академија во Манакор и се надева на медал во Париз“, – изјави Бенито Перез Барбадиљо, неговиот менаџер за односи со медиумите.

Во тој пораз од Зверев, Надал делуваше доста подготвен, иако беше јасно дека му недостигаат натпревари. Она што му беше најважно е што не ги почувствува последиците од бројните повреди. Сега може само да се надева дека ќе ја подобри формата до враќањето во Париз, иако тоа нема да биде лесно.

Се вчитува...