Рафаел Надал е најуспешниот шампион на Ролан Гарос во историјата, со дури 14 титули, со што е рекордер не само на турнирот во Париз туку и на сите гранд-слеми.
Сепак, љубовта меѓу париската публика и нејзиниот најголем шампион не било секогаш загарантирана.
„Кога Рафаел ја освои својата прва титула во 2005 година, се беше во ред, немаше непријателство. Почна подоцна кога почна да победува толку многу. Луѓето не сакаа постојано да го гледаат како победува“, изјави неговиот поранешен тренер и чичко Тони Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА