Италијанскиот шампион Милан веројатно ќе успее во своите редови да го задржи еден од главните виновници за освојување на титулата во Серија А, Португалецот Рафаел Леао. На Португалецот, раководството на тимот ќе му понуди продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.
23-годишникот во Милано стигна пред две години и буквално веднаш се наметна како еден од главните фудбалери во тимот. Затоа „росонерите“ на офанзивецот му нудат тројно зголемување на платата и договор до 2027 година.
Со новиот договор тој би требало да потпише и клаузула за трансфер вредна неверојатни 200 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА