Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал го откажа учеството на најголемиот тениски турнир „Вимблдон“ со цел подобро да се подготви за престојните Летни олимписки игри кои на крајот на месец јули и почетокот на месец август ќе се одржат во главниот град на Франција.
Надал одлуката ја соопшти на социјалните мрежи каде напомена дека тоа го прави со цел да остане во тренажен процес за мечевите на земја.
„Цело време се подготвувам за настап на земја, а со оглед на тоа што вчера дознав дека ќе настапам на Олимписките игри во Париз сметам дека најдобро за моето тело е да не ја менувам подлогата до тогаш. Жал ми е што нема да играм на Вимблдон поради неверојатната атмосфера на кој голем турнир која засекогаш ќе остане во моето срце“, напиша Надал.
Надал во кариерата освои 22 грен-слем титули од кои 14 на Ролан Гарос, теренот каде ќе се играат и мечевите на Олимписките игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

