Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе настапи на турнирот во Индијан Велс, потврдија организаторите. За легендарниот тенисер тоа ќе биде шестнаесетти настап на турнирот кој многумина го нарекуваат „петтиот грен-слем“.
Со тоа Рафаел Надал ќе се доближи до рекордот на настапи на овој турнир кој е во сопственост на Фелисијано Лопез, Андре Агаси и Роџер Федерер. Сите тројца имаат по 18 настапи.
Листата на учесници ја предводи Новак Ѓоковиќ. За српскиот тенисер кој е број еден на светот тоа ќе биде прво учество по 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА