Рафаел Надал успешно опериран

Доскорешниот прв светски рекет, Рафаел Надал, беше подложен на операција на десниот глужд. Набрзо по операцијата, Надал преку социјалните мрежи објави дека се поминало во најдобар ред.

Здраво на сите. Ви благодарам за пораките што ги добив деновиве. Операцијата на глуждот мина добро и од дома сакам да ви кажам дека го откажуваме деностративниот собир за поддршка на жртвите во Мајорка“ – напиша Надал на својот профил на Твитер.

Поради повредата на глуждот, Шпанецот го откажа и учеството на завршниот АТП турнир и немаше шанса да се бори со Новак Ѓоковиќ за одбрана на првото место на светската ранг-листа на крајот од 2018 година.

„Операцијата траеше 35 минути, го отстранивме проблематичниот дел на глуждот. Решивме да го средиме проблемот сега за да може да ја почне следната сезона без потешкотии. Целта е да игра на Авбстралија Опен и дотогаш да биде во најдобра форма. Отстранивме мало парче кое му пречеше да се движи нормално“ – изјави докторот што ја изврши операцијата, Ангхел Руис Которо.

Бидејќи Рафаел Надал го попушти настапот, на неговото место на на завршниот турнир во Лондон се приклучи Џон Иснер, а втората резерва – Кеи Нишикори доби право за настап по отажувањето на Хуан Мартин дел Потро.

Се вчитува...