Рафаел Ван дер Варт ја заврши кариерата

Поранешниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт одлучи да стави крај на фудбалската кариера. Тој на 35-годишна возраст донесе одлука за прекин на активната кариера, истакнувајќи дека неговото тело веќе не може да ги издржи напорите на професионалниот фудбал.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Тотенхем, Хамбургер и на Бетис, кариерата ја почна во редовите на холандскиот гигант Ајакс, а последните три години беше дел од данскиот фудбал, каде настапуваше за Митлијанд и Есбјерг.

Рафаел ван дер Варт за фудбалската репрезентација на Холандија настапи на 109 натпревари и постигна 25 гола.

Се вчитува...